Ламинат

    Пред 20-ина години само малкумина се одлучуваа за Ламиат, бидејќи беше нов и недоволно препознатлив тип на под, а денес е бр. 1 во подна покривка. Популарноста на ламинатот првенствено се должи на неговата практичност, визуелна сличност со омилениот паркет и постојано подобрување на технолочките својства. Го отежнуваа разликувањето од паркетот. Ламинатите од поновата генерација визуелно изгледаат поубаво, носат поголема доза на топлина, но се и поквалитетни, поотпорни на негативни влијанија и траат подолго. Големата предност на ламинатот е лесното одржување и фактот што поради неговата мазна површина, прашината и нечистотијата не се задржуваат на него како на паркетот.

Што е повеќе слоен паркет Таркетт?

Паркетот Таркетт е 100% дрвен под со повеќе слојна конструкција, а производството на паркетот се врши во најмодерни фабрики за паркет во Европа и свет.Станува збор за готов паркет кој е веднаш подготвен за монтажа и е подготвен за употреба веднаш по самата монтажа. Во нашата понуда за паркет ќе најдете паркети во различни димензии на паркетната табла: може да биде потесна, поширока, подолга, пократка...

Главната разлика помеѓу повеќе слојниот паркет Таркетт и класичниот (цврст) паркет е во конструкцијата. Повеќе слојниот паркет Таркетт се состои од 3 слоја дрво споени под агол од 90 степени. Горниот слој на паркетот е изработен од тврдо дрво (даб, јасен, бука...), а средниот и долниот слој исто така се 100% од дрво. За изработка на средниот слој се користи дрво од ела, бор или смрека, додека за долниот, заден фурнир се користат истите видови дрво.