Реконструкција - поправка на покрив - реновирање  на покрив

Квалитетно изработен покрив и сите негови внимателно дизајнирани детали, заедно со сите други елементи на станбена зграда, придонесуваат за квалитетот и удобноста на живеењето.

Затоа, на секој објект му пристапуваме со посебно внимание, од моментот на првиот разговор со клиентот, предлагањето решение и изготвувањето на понудата, па се до завршната фаза на работите. Без разлика дали ви треба нов покрив или реновираwе на постоечки покрив.

АМТ Градба ќе се погрижи да го добиете само најдоброто. На крајот на краиштата, ништо помалку од тоа не е доволно добро за вашиот дом. Покрај откривањето и покривањето на кровните конструкции на наклонети покриви, успешно изведуваме изградба и монтажа на хидроизолација и на рамни покриви.

При поправка или реконструкција на покривот, добро е да се размислува за можностите за користење на просторот на таванот. Така, за малку повеќе вложување, можете рационално да го искористите таванскиот простор и да добиете многу пријатна станбена единица.