Љубов кон каменот: создавање инспиративни простори

    Неколку производи се толку разновидни и издржливи - да, издржливи - како на пример мермерот. Сега, благодарение на напредокот во технологијата, овој материјал нуди уште повеќе. Не е чудно што при дизајнирање и обликување на нашите домови се трудиме да ги нагласиме природните елементи и во затворените простори.

Мермерен изглед: внатрешениот дизајн добива модерна надградба

Вклучвањето на камен, дрво и други природни материјали во нашинот ентериер е традиција која трае со векови. Сепак, како и многу дизајнерски дисциплини, во дизајнот на ентериер доминираат трендовите. Боите, текстурите и материјалите кои во една сезона може да имаат различна намена.

За среќа, овие трендови имаат тенденција да бидат циклични и обично, благодарение на промените во технологијата, многу производи и стилови наоѓаат нова цел.

Мермерот дефинитивно доживува поголема примена во дизајнот на ентериер. Луѓето стануваат посмели во изборот на материјали и сега гледаме многу посмели мермерни стилови кои се инкорпорирани во дизајнот на зградите,(внатрешни и надворешни).