Изработка и реконструкција на кровови
- Кровови: Пластифициран лим (Поцинкован челик)
- Олуци: ПВЦ Олуци, Метални олуци (Поцинкован челик), Алуминиумски олуци, Бакарни олуци
Поцинкувани челични олуци/кровови
Метални олуци/опшики/кровови, вклучуваат олуци и опшики направени од галванизиран челик, алуминиум и бакар.
Поцинкувани челични олуци/опшики/кровови, направени од галванизиран челик се долготрајни, еколошки, но предизвикувачки за монтирање. Цинкот реагира со вода и јаглерод диоксид од воздухот, создавајки природна патина на површината на поцинкуваниот лим што го штити материјалот од корозија и му дава непроменлив изглед. Овој патиниран поцинкуван лим се спротивставува на лошите временски услови, град, големите температурни разлики, УВ зраците и го прави одличен избор за најтешките клими. Животниот век на олуците/крововите од галванизиран челик е од 50 до 70 години и потоа може целосно да се рециклираат, што ги прави еколошки. Поцинкуваниот лим е лесен за свиткување и лемење, но за овие операции се потребни знаења и вештини. Бројните готови додатоци и придружните елементи го олеснуваат процесот на монтажа, но сепак без добар занаетчија постои ризик од оштетување при првите големи временски настани. Цената на материјалите и инсталацијата зависи од сложеноста на покривот, но генерално е 15-25% поскап од ПВЦ системот.