Изработка на бетонски плочи
Нудиме професионална изработка на бетонски плочи за различни типови градежни објекти, со примена на квалитетни материјали и соодветни техники на изведба. Посветуваме особено внимание на правилната подготовка на подлогата, поставувањето на арматурата и прецизното бетонирање, со цел да обезбедиме цврстина, стабилност и долготрајност на конструкцијата. Нашите услуги се прилагодени на потребите на секој проект, со фокус на квалитетна и сигурна изведба.
Видови бетонски плочи
- Полна армирано-бетонска плоча (Се изведува од бетон и арматура и се користи за меѓукатни конструкции, тераси и други носечки елементи.)
- Ребреста бетонска плоча (Се карактеризира со ребра што ја зголемуваат носивоста и овозможуваат намалување на сопствената тежина на конструкцијата.)
- Касетирана бетонска плоча (Има мрежеста структура со вдлабнатини на долната страна и се применува кај конструкции со поголеми распони.)
- Полна армирано-бетонска плоча (Се изработува во фабрички услови и се монтира на градилиште. Во оваа група спаѓаат шупливи и преднапрегнати плочи.)
- Полна армирано-бетонска плоча (Се изведува врз соодветно подготвена подлога и се користи за подови во гаражи, магацини, индустриски објекти и дворови.)
- Полна армирано-бетонска плоча (Претставува армирано-бетонска конструкција што ги пренесува оптоварувањата од објектот на подлогата и се применува како темел на објектот.)
Важно: Изборот на типот на плочата, нејзината дебелина и арматурата се определуваат врз основа на статичка пресметка, распоните, оптоварувањата и условите на темелење.