EPS (Стирополна фасада) наспроти MW (Минерална волна)
- Топлинската спроводност на EPS (Стирополни фасади) и MW (Минерална волна) е еднакво (EPS=MW), но тие се разликуват во другите својства, запалливост (EPS>MW) , звучна изолација (EPS<MW), пареопропусливост (EPS<MW) и последно, но не и помалку важно, ценовна пристапност (EPS<MW).
Топлинска спроводност/топлинска преносливост
Минералната волна е направена од базалт, па од тука доага и нејзиното име. Таа е паропропуслив изолациски материјал кој делува како топлински изолациски слој и како дел за изедначување на пареата во системот за контрола на фасади. Поради протокот на водена пареа низ надворешен ѕид,во минералната волна, точката на роса секогаш се појавува на надворешната страна на минералната волна. Најдобриот слој на контактна фасада, изработен од минерална волна,е високо пареопропуслив, со што пареата ке помине низ завршниот слој и со тоа не останува во самиот ѕид. Достапна е во панели за помала површина на изолација ..